Ученичка во Берлин загина на матурската вечер, паднала од покривот на хотелот

За време на матурската вечера на која присуствуваа околу 500 ученици, двајца млади се качија на покривот на хотелот и паднаа од околу 8 метри височина.

Загина 17-годишно девојче, а повредено е 16-годишно момче.

Портпаролот на полицијата за rbb24.de потврдил дека девојчето и младиот човек се качиле на покривот на хотелот Естрел и дека и двајцата паднале низ куполата. Девојчето било реанимирано на лице место. Двајцата биле брзо пренесени во болница, каде што починала.

Наводно, 16-годишникот паднал во ѓубре, што го ублажило неговиот пад и преживеал.

Се уште не е јасно како точно дошло до падот.

Поради шок лекарска помош побарале шест ученици.