Урсула фон дер Лајен: Сасоли беше голем Европеец – горд Италијанец

Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија изрази сочувство за смртта на претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.

„Почивај во мир, драг Давид“, напиша таа на италијански на својот Твитер профил.

Таа наведе дека е тажна поради тешката загуба на „големиот Европеец и горд Италијанец“.

„Дејвид Сасоли беше сочувствителен новинар, извонреден претседател на Европскиот парламент и, на прво место, драг пријател“ – напиша Фон дер Лајен.

Највисоките претставници на ЕУ и членовите на Европскиот парламент од утринава преку пораки на Твитер се збогуваат со Сасоли.