Украински дронови соборени во близина на Москва

Руското Министерство за одбрана соопшти дека рано утринава соборило два украински беспилотни летала кои се обидувале да ја нападнат Москва.

„Евидентиран е обид на два борбени беспилотни летала да летаат во градот. Двата летала се соборени од воздушна одбрана“, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм.

Тој рече дека едното беспилотно летало е соборено во областа Домодедово на јужната периферија на градот, додека другото е соборено во областа на автопатот Минск, западно од главниот град.

„Воздушната одбрана уништи два дрона“, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека нема пријавени жртви или материјална штета.