Украина: Русите пред да побегнат ја уништија главната електрана во Херсон

Електраната што го снабдуваше со електрична енергија целиот десен брег во регионот Херсон и значителен дел од регионот на Миколаев е практично уништена, a тоа е една од последиците на беспомошниот страв на окупаторите пред нивното бегство, велат од „Укренерго“.

Украинскиот национален оператор „Укренерго“ објави дека Русија ја уништила клучна електрана во Херсон пред да ги повлече војниците од градот и десниот брег на Днепар минатата недела.

„Електраната што го снабдуваше со електрична енергија целиот десен брег во регионот Херсон и значителен дел од регионот на Миколаев беше практично уништена“,

напиша на Фејсбук претседателот на „Укренерго“, Володимир Кудрицки.
Тој додаде дека тоа е една од последиците на беспомошниот страв на окупаторите пред нивното бегство.

„Ние правиме се од себе за да обезбедиме луѓето да имаат струја. Поголемиот дел од ослободената област Херсон е без електрична енергија од 6 ноември. Правиме се од себе да ги снабдиме луѓето со електрична енергија што е можно поскоро“,

рече Кудрицки.
Кудрицки рече дека Украина го проследи списокот со опрема што му е потребна на регионот Херсон до меѓународните партнери, од кои Полска и Франција веќе одговорија.