Уапсени Срби за шверц на дрога од Јужна Америка – 324 килограми кокаин пренесени до пристаништето во Солун

По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со Полициското одделение за град Белград, Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за безбедност и информирање, денеска во Белград по повеќемесечна оперативна работа се лишени од слобода шест лица. и тоа: Ж. Б., А.М., Н.П., С.Ш., М.С. и С.С., поради постоење на основано сомнение дека шверцувале дрога од Јужна Америка во Европа.

Осомничените се обвинети за формирање организирана криминална група во Јужна Америка, Западна Европа, Република Грција и Република Србија во 2020 и 2021 година со цел купување и пренесување на поголема количина на наркотична дрога кокаин преку океански бродови од Јужна Америка на територијата на Европа и Република Србија.

Сето тоа е заради пуштање во оптек и стекнување голема противправна имотна корист и дека во наведениот временски период оваа организирана криминална група купила, пренесувала и чувала на продажба 324 килограми наркотична дрога кокаин, од Еквадор до пристаништето во Солун во Грција, каде споменатиот наркотик е запленет од грчката полиција.

Осомничените се приведени во полиција, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во ОЈО за организиран криминал.