Тројца полицајци се повредени во Париз на протест против полициското насилство

Тројца полицајци се повредени денеска кога учесниците на демонстрациите во Париз против полициското насилство го нападнале нивното возило.

Шефот на париската полиција Лоран Нуњез на социјалната платформа Икс (Твитер) изјави дека се приведени три лица.

Францускиот министер Жералд Дарманен го оцени инцидентот како „неприфатливо насилство“.

На видеото објавено од Нуњез на „Икс“ се гледа полициско возило во движење кое демонстрантите го удираат со метални шипки. Нуњез исто така рече дека цел била и банка.

– Гледаме каде води омразата кон полицијата – напиша Дарманен на платформата X. Според BFMTV, неколку илјади луѓе учествувале на насилните демонстрации во Париз.