Европеизација, бугаризација, унгаризација изолација или интеграција?! Во какво општество живееме?
„Нашево општество мислам дека се развиваше во погрешен правец. Мислам дека им овозможи на поединци, наместо придонесот што треба да го дадат во развојот на општеството, сите тие го насочуваа кон опстанокот или развојот на партиите во коишто делуваат, вели Каров и додава дека сето тоа направило мали херои од луѓе коишто никогаш во животот не очекувале повеќе од тоа да добијат гратис карта за фудбалска утакмица или за некој концерт.
„Одеднаш такви луѓе станаа битни, станаа големи фактори и тие такви луѓе не можат да поднесат кога ќе слушнат критика за себе или за нивната партија или за нивната „идеологија“. Тие такви луѓе почнаа да се претвораат во критизери и да бидам до крај објективен, не ни се случило никогаш некој лично да ни реагира, но како времето течеше, како годините одминуваа, почнав да слушам коментари кои не беа вообичаени на почетокот на појавувањето на К-15“, вели За „Трилинг“, Бубо Каров, мултимедијален уметник и добитник на наградата 11 Октомври.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат огромна одговорност да недозволат да западнат во исто она во кое западна Груевски после 2008-ма, а тоа е една малодушност кај што велиш епа добро, ако веќе не одиме во НАТО, тогаш барем внатре ќе ги заробиме сите процеси и ќе ја тераме државата како некоја „приватна прчија“, која потполно ќе ја заробиме, медиумски, судски, од безбедносен аспект итн.
Околу тоа што Мицкоски го вели „Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некој од политичарите и земјите членки на ЕУ и дека тоа е начинот и вистинскиот пат, простете но јас не сум добар соговорник. Нема никогаш да направиме ниту една отстапка која што ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани“, професор Ненад Марковиќ со прашање – Па зошто тогаш му ги полираме чевлите на Орбан?
„И Орбан е дел од Европската унија и еден од оној кој десницата на Балканот многу го сака, затоа што ете води некоја политика на пркост, а тој е последниот човек кој може било што да ви обезбеди во ЕУ или да ви биде било каков лобиста, со оглед на тоа што пола и повеќе премиери и претседатели членки на Унијата не сакаат ни да се поздрават со него. Така што не ја разбирам аналогијата на полирањето на чевлите кога покажавме една крајно субмисивна политика кон една земја членка на ЕУ“, вели за „Трилинг“ универзитетскиот професорор, Ненад Марковиќ.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, смета дека Македонија треба да бара партнери коишто се од средна големина и исклучително важни за државава.
„Ексклузивно тоа не треба да биде само Унгарија, но целиот регион на Централна Европа е за нас многу интересен, затоа што е блиску до нас, во исто време доволно мал за да му бидеме ние интересни како пазар и за привлекување на директни странски инвестиции и за интернационализација на македонските бизниси. Зошто најквалитетните бизниси да не извезуваат во овие држави, како и за културната соработка. Тука ќе ја спомнам мојата посета на Полска на најголемиот економски форум, организиран токму од министерот за дигитална трансформација на Полска, затоа што сметам дека Полска е недоволно искористен контакт. Истото го сметам и за Унгарија, затоа што таа покажа огромна подготвеност да и помогне на Македонија во сите овие изминати години, но мислам дека таа соработка не се ефектуираше доволно во пракса. Сега го имаме потенцијалот тоа да го направиме“, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Околу заштитата од хакерските напади врз централните, државните финансиски системи и како да се обезбеди подобра безбедност на овие делови, Андоновски вели дека за жал Македонија е единствената држава во овој регион и пошироко што нема закон за заштита на информациските системи или т.н закон за сајбер безбедност.
„Тоа значи дека зависи од секоја институција колку е само свесна, да знае дека опремата којашто ја набавил ги нема или ги имапотребните лиценци за заштита. Тоа е страшно“, изјави за „Трилинг“ министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Погледнете го најновото издание на „Трилинг“ со Горазд Чомовски: