Трамп 60 дена ќе го проценува економското влијание од одлагањето санкции за Русија

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе искористи период не подолг од 60 дена за да го процени економското влијание на санкциите и царините поврзани со Русија, што ги суспендираше.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе искористи период не подолг од 60 дена за да го процени економското влијание на санкциите и царините поврзани со Русија, што ги суспендираше.

Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на нов, сеопфатен пакет санкции против Русија, објаснувајќи му на Конгресот дека одлуката е во национален интерес. Во одлуката од петокот не е прецизирано колку долго ќе трае одложувањето, но Рубио рече дека Доналд Трамп се одлучил за 60-дневен период на „преглед“.

Целта на пакетот санкции беше да се лиши рускиот претседател Владимир Путин од ресурсите што и се потребни на Москва за да ја продолжи војната во Украина, како и да се санкционираат руските функционери, банките и да се наруши „флотата во сенка на танкери“ што продолжуваат да испорачуваат руски енергетски резерви до нивните дестинации.

Трамп минатата недела постигна изненадувачки договор во кој рече дека Русија веднаш ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел, проследено со дополнителни 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони „веднаш потоа“.
Договорот за дизел гориво на Трамп со Путин предизвика остри критики и од републиканците и од демократите, кои веруваат дека тоа ќе ѝ помогне на Русија да започне војна против Украина.