Осуммесечно бебе почина во Ваљево откако се здобило со изгореници додека се капело. Лекарите во Ургентниот центар не успеале да го спасат детето, а истрагата за трагичниот настан е во тек.
Според првите неофицијални информации, како што пренесуваат тамошните медиуми, вчера по 20:00 часот 25-годишната мајка го донела бебето во болница во несвесна состојба, со изгореници опасни по живот.
Упатените велат дека најверојатно додека мајката не била во бањата, 4-годишното момче, братот на девојчето ја вклучил топлата вода на славината во кадата додека во неа било осуммесечното бебе. Истрагата во која беше вклучен и Центарот за социјална работа е во тек.
„Од нивната куќа постојано се слуша врева, врисоци и детски плач“, раскажуваат соседите.
Според педијатрите бебето починало откако срцето и застанало, а девојчето претрпело страшни болки. Случајот ја вознемири јавноста, стои во написте на српските медиуми.
„Температурата на водата за капење бебиња се проверува со ставање на лактот во водата. Ако водата е блага, пријатна за организмот, тогаш е безбедна за децата. Тоа е стара техника која се користи од памтивек“, вели Милица Котлајиќ, педијатар.
Оваа техника се користи затоа што кожата на лактот е тенка и почувствителна од другите делови на телото и затоа е почувствителна на температурата на водата.
„Кога се случуваат страшни настани, како што е трагедијата во Ваљево, последиците обично се фатални.
Во такви случаи се јавуваат изгореници од втор или трет степен. Овие изгореници ја покриваат целата кожа и веројатноста дека детето ќе преживее е мала. Бебето е мало, односно површината на кожата му е мала и брзо се случува термички колапс, тука е најголемиот ризик“, објаснува докторката која ги советува сите родители или оние кои се грижат за најмладите:
„Прво подгответе ја водата за капење, проверете ја температурата, па дури потоа спуштете го бебето во водата. Проверката на температурата никогаш не се прави над телото на бебето и бебето никогаш не се остава само за време на капењето“.