Токаев: Редот е целосно воспоставен во Казахстан

Повторно е воспоставен ред во Казахстан“ – тврди изјави претседателот Касим-Жомарт Токаев на состанокот на безбедносниот сојуз предводен од Русија, по неколкудневните насилни немири во кои загинаа повеќе од 160 луѓе, а илјадници беа приведени.

„Редот е целосно воспоставен во Казахстан. Заканите за безбедноста на земјата се избегнати“ – истакна Токаев на видео состанокот на Организацијата на Договорот за заедничка безбедност.

Токаев нагласи дека антитерористичката операција наскоро ќе заврши, додавајќи дека имало „обид за државен удар“ со планирани и координирани напади врз регионалните владини центри, безбедносните сили и затворите.

Казахстан, земја која граничи со Русија и Кина и е голем производител на енергија, веќе една недела е погодена од немири по одржувањето на антивладините протести поради поскапувањето на горивото.

Покрај мирните протести, имаше и насилни собири, особено во најголемиот град Алмати.

Во немирите загинаа повеќе од 160 лица, повредени се над 2.000 луѓе, а речиси 8.000 се приведени.