
Тлото во Турција сè уште не се смирува, над 6.000 потреси по 6. февруари
Генералниот директор на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД), Орхан Татар одржа прес-конференција на која зборуваше за последиците од земјотресот што го погоди југоисточниот дел на земјата.
За време на своето обраќање до нацијата Татар рече дека последователните потреси ќе продолжат уште некое време, а во таа прилика презентираше и податоци колку последователни потреси ја погодија Турција по 6 февруари.
„Бројот на последователни потреси во Турција беше 6.040. Најголемиот број, 1.628 од нив, се измерени меѓу три и четири степени според Рихтеровата скала. Вчера имаше последователен потрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала со центар во Гоксун“ – рече Татар.
Тој нагласи дека последователните потреси можат да се движат и над пет степени.
„Многу е важно да не се влегува во оштетени објекти. Како резултат на два силни земјотреси, знаеме дека се скршени пет различни сегменти од зоната на раседот во Источна Анадолија. Со овие скршени сегменти, знаеме дека особено во областа Доганшехир во Матаја, фрактури се случуваат по линија од приближно 25 километри. „Како резултат на овие земјотреси, најголемото поместување измерено на земјата одговара на 7,3 метри. Количината на енергија ослободена од овие земјотреси се зголеми на 30 квадрилиони џули. Енергијата создадена од атомски бомба е 15 трилиони џули“ – рече директорот.