Телма: Камчев ја тужи Македонија во Стразбур бара отштета за притворот

Бизнисменот Јордан Камчев ја тужи Македонија пред судот во Стразбур поради притворот во предметот „Плацеви на Водно“.  Апликацијата го поминала поминала првиот филтер пред судот  и сега државата треба да одговори на 4 клучни прашања поврзани со одлуките на судовите да му го продолжуваат притворот. Тој се жалел дека македонските судови не образложиле соодветно зошто му го продожувале притворот наспроти понудената кауција и алтернативните мерки.  

Дали притворот на Камчев определен на 12-ти април 2021 година продолжуван најмалку 6 пати е во согласност со Европската конвенција за човекови права и дали судовите му го продлжувале притворот на релевантни основи?

Ова е првото прашање од Европскиот суд за човекови права кое државата треба да го одговори во врска со притворот на бизнисменот Јордан Камчев за предметот Плацеви на Водно.

Камчев се жалел пред Стразбур во две апликации дека му биле прекршени правото на слобода и правото на фер судење. Предеметот е објавен на веб страната на судот како комунициран до државата која треба да одговори на 4 прашања

Прашања на ЕСЧП до државата за предметот на Камчев:

1.Дали притворот на жалителот од 12 април 2021 година наваму е во согласност со Член 5 Став 3 од Конвенцијата? Конкретно, дали судовите обезбедиле релевантни и доволни основи за продолжување на притворот на жалителот, во смисла на оваа одредба, во текот на целиот предметен период?

2.Дали домашните судови соодветно ги разгледале алтернативите на притворот на жалителот, особено неговите барања за ослободување со кауција поднесени на 14 и 27 април, 15 и 26 мај, 16 јуни и 15 јули 2021 година?

3.Дали жалителот бил сослушуван во разумни интервали, како што се бара со Член 5, Став 4 од Конвенцијата, додека неговиот притвор бил продолжуван?

4.Дали жалителот бил доволно навремено информиран за усната расправа одржана на 30 јули 2021 година, во согласност со Член 5, Став 4 од Конвенцијата?

Во апликацијата Камчев се жалел дека домашните судови не ги разгледале соодветно алтернативите на притворот, односно, неговите предлози за кауција, дека судовите не понудиле доволно причини за продолжувањето на неговиот притвор и не одговориле соодветно на неговите барања во врска со законитоста на одредени докази и за постоењето на превентивни мерки наметнати во друга кривична постапка која се води против него.

Се жалел дека Скопска Апелација не одржала јавна седница кога ги разгледувала неговите жалби за притворот, освен во една прилика.

Но државата не мора веднаш да одговори на прашањата на ЕСЧП. Според информациите на Телма до 9-ти јуни тече рокот за спогодување.

Доколку нема спогодба продолжува постапката односно фазата на спор во која државата преку одговорот на прашањата ќе ја даде и својата одбрана  која кој потоа оди кај на коментар кај апликантот и повторно кај државата да се  произнесе на коментарот.

На крајот судот носи одлука. Коментар за предметот не добивме од ниту една од странките.

За предметот Плацеви на Водно во април лани Камчев доби 1 година затвор и уште една година за Империја откако се спогоди со обвинителството.

Со спојување на двете затворски казни судот му определи единствента казна за 4 месеци пониска односно вкупно 20 месеци затвор.

Од овие месеци му беше одбиено времето поминато во притвор. На крај во затворот во Струга, за кој менуваше и адреса во Охрид, помина 4 ипол месеци.

 

Телма Телевизија