Телеком ги соопшти причините зошто граѓаните имаат проблем со интернетот и повиците

Утрово граѓаните беа нервозни заради немањето интернет и проблеми со воспоставувањето на повици, а на оваа тема објави и редакцијата на Трилинг.

Од Телеком објавија дека се соочуваат со технички пречки поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни и дека работат на отстранување на проблемите.

„Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите“, се наведува во кусото соопштение од Телеком објавено на нивната страница на Фејсбук.