„Танец“ на турнеја во Малта, македонскиот фолклор на сцената на „St. Vincent De Paul theatre“

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала„St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта – информираат од ансамблот.

Подиумските уметници, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора и народни песни. Концертот ќе опфати дел од најпрепознатливите бисери на македонското фолклорно творештво, истакнувајќи ги богатството на ритмите, изворните носии и автентичниот музички израз кои со децении го воодушевуваат светот.

-Патувањето во Малта е уште еден значаен чекор во нашата меѓународна агенда за поврзување на нашата дијаспора со корените, но и за промовирање на македонскиот културен идентитет пред европската публика. Горди сме што преку моќта на ритамот и песната ја пренесуваме долгата традиција и енергијата на нашиот народ – велат од раководството на НУ „Танец“.

Гостувањето во Малта претставува дел од редовната меѓународна активност на ансамблот во насока на промоција на македонското културно наследство на светските сцени.