Столе Димитриевски со една од најдобрите одбрани ова коло во Ла Лига

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно беше одличен во дресот на Рајо Валјекано и ја зачува мрежата во ремито против Селта Виго (0-0).

Димитриевски имаше три интервенции на натпреварот, а една од нив беше одлична и ќе влезе во конкуренција за одбрана на колото.