
Старова Ќерими: Творечката битка ја доловувам преку силните експресивни бои и тоа што се случува во моите слики
➡Откако го изгубив мојот татко, неговото присуство, неговите разговори постојано беа со мене. Некои дилеми ги разговаравме во однос на творечкото создавање. Мислам дека ние можеме да најдеме една поубава динамика во тие дистанци, тие да бидат присутни, да најдеме начин, не само дистанцата да ја разбираме како заминување, туку напротив како едно присуство и да создадеме нешто со кого ние ќе создадеме релација и присуство. Значи не секогаш дистанцата како дистанца, туку како едно присуство кое што ние го создаваме за да можеме постојано да ги имаме некои личности, некои случувања во различни сегменти. Затоа е уметноста на дистанцата“, вели Старова Ќерими. ➡ Сметам дека секоја моја внатрешна творечка битка, токму ја доловувам преку силните експресивни бои и тоа што се случува во моите слики“, смета Старова Ќерими. ➡Милувам да кажувам дека секој треба да си го создаде својот свет и сметам дека ние ги создаваме боите, затоа сакам и преку моите слики, некој доколку гледа во црно-бел свет, да ја гледа уметноста во се, па дури и во црно-белото, вели Старова Ќерими.
„Колку што можам да кажам дека е привилегија да се расте со таков импакт и импут во животот, да се биде секогаш на ниво на очекуваното, исто така е и голема одговорност, бидејќи имате родители коишто постојано тоа што го имаме во јавноста, а зад тоа појавување има макотрпна работа и постојаност во тоа постигнување. Така што можам да кажам дека е голема одговорност и пример како да се биде во делувањето во својот живот. Понекогаш и презимето – како луѓето да имаат создадено мислење за вас па треба дополнително да се докажувате. Така што мојот татко Луан Старова, покрај својата книжевна кариера која што има своја патека, мајка ми во науката, значи има императиви кои што секојдневно вас ви ги дават како пример и мислам дека нема поубава привилегија, но исто така и одговорност на се тоа што го гледате секојдневно“, вели проф. Дита Старова Ќерими.

Прашана околу тоа дали може некој да биде далеку, а сепак да остане во нашиот живот, Старова Ќерими вели дека тоа е нејзин интимен разговор со самата себе.
„Откако го изгубив мојот татко, неговото присуство, неговите разговори постојано беа со мене. Некои дилеми ги разговаравме во однос на творечкото создавање. Мислам дека ние можеме да најдеме една поубава динамика во тие дистанци, тие да бидат присутни, да најдеме начин, не само дистанцата да ја разбираме како заминување, туку напротив како едно присуство и да создадеме нешто со кого ние ќе создадеме релација и присуство. Значи не секогаш дистанцата како дистанца, туку како едно присуство кое што ние го создаваме за да можеме постојано да ги имаме некои личности, некои случувања во различни сегменти. Затоа е уметноста на дистанцата“, вели Старова Ќерими.
Осврнувајќи се на прашањето што сака да долови со композициите и уметничките дела Старова Ќерими вели дека во тие дела понекогаш има фигуративност, има и експресија, има и колорит.
„Секоја боја ми создава една енергија за понекогаш да ја доловам присутноста. Има и човечки фигури коишто покрај бојата или се доближуваат или се разделуваат, но таа сликарска силна одвоеност помеѓу нив која се чувствува со напливот на бои, сакам посетителите и тој што ќе ја гледа сликата, сам да ја најде приказната која што јас ја создавам сликајќи, бидејќи чувствувам дека најсилна сум во одговорите со боите.
-Така што сметам дека секоја моја внатрешна творечка битка, токму ја доловувам преку силните експресивни бои и тоа што се случува во моите слики“, смета Старова Ќерими.

Околу тоа во каков свет живееме – во црно-бел или во боја Старова Ќерими вели дека сите кога имаат средба со неа, се на ставот дека создава бои.
„Милувам да кажувам дека секој треба да си го создаде својот свет и сметам дека ние ги создаваме боите, затоа сакам и преку моите слики, некој доколку гледа во црно-бел свет, да ја гледа уметноста во се, па дури и во црно-белото, вели Старова Ќерими.
Кураторот на изложбата, Горанчо Ѓорѓиевски ги доживува делата како интимно-имагинарен дневник, нагласувајќи дека бојата е заробена енергија, Старова Ќерими вели дека му е многу благодарна за соработката за изложбата.
Прашана во кој правец и се движи нејзиното професионално, па и уметничко делување, Старова Ќерими вели дека нејзиното делување низ годините било многу напнато.
„Прво од институционален аспект, тоа беше една преголема одговорност и колку што ми донесе искуство, ми донесе и голема одговорност за значењето на претставувањето, за битката во културата, за можностите во културата. Потоа и образовната дејност која што ја водам веќе 20 години, односно за одговорноста колку ние треба да создадеме личности коишто ќе бидат свесни за тоа што го имаме, да знаат да го негуваат, пренесуваат и зачуваат. Тука е и мојата творечка дејност. Милувам да кажам дека секој може да создаде уметност, но треба дисциплина во се тоа што го правиме.
-Значи во сите тие димензии моето творештво можам да кажам дека беше постојано не толку присутно во јавноста. Така што овој миг го сметам како враќање во таа институција, која за мене од студентски години, па пред да станам директор на Националната галерија, можам да кажам дека ова е некако навраќање на тоа што суштински за мене е сликањето и патеката којашто ја следам веќе 35 години, додава Старова Ќерими.
Целото интервју погледнете го во видеото