ССМ: Нам ни се брза, Владата до март да ја покачи минималната плата
„Минималецот да се зголеми на 18 илјади денари најдоцна до март, во спротивно работниците ќе штрајкуваат на работните места“ – ова се барањата на синдикалците кои велат дека од следниот месец повеќе од сто илјади граѓаните приматели на сегашната минимална плата од 15.500 денари нема да можат да си ги подмират повисоките сметки за струја и храна.
„Нам ни се брза бидејќи знаеме во февруари ќе стигнат поголеми сметки за струја, парно, нафтените деривати се покачија, исто така на 31 јануари престанува со важење уредбата за замрзнатите производи, и ние како ССМ не можеме да чекаме, туку напротив од недела ќе почнеме со утврдување на датуми и подготовки за евентуланен штајк и протести. Согласно Законот за работни односи ќе одлучиме како е најдобро за нас работниците да го изразиме нашето незадоволство дали ќе биде со блокади на раскрсници, фабрики или претпријатија“, рече претседателот на ССМ – Дарко Димовски.
Оттаму апелираат до пратениците – да постапат по поднесената иницијатива во Собранието за зголемување на минималната плата.