Србија, Унгарија и Австрија со заеднички полициски сили кон Северна Македонија ќе ја штитат Европа од мигранти

Српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање меѓу трите земји за зајакнување на трилатералната соработка на полето на ефикасна борба против илегалната миграција, со кој преку усогласување на визната политика на Србија со Тунис, Бурунди и други земји и со заедничи полициски сили кон Северна Македонија ќе ја штитат Европа од миграцијата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференција изјави дека Србија имала значаен раст на илеланигални мигранти во 2022 година од 191 отсто, кои најмногу доаѓаат од Северна Македонија – 51 отсто и од Бугарија 32-33 отсто.

-Она што ние се договривме денеска е заеднички, со подршка на Унгарија и Австрија, да ангажираме поголем број на полициски сили на границата кон Северна Македонија, да вклучиме и значајна опрема, автомобили со термовизијски камери, и да се обидеме таа одбранбена линија да ја придвижиме на југ, со што уште пред крајот на годината ќе тргнеме со реализација, изјави Вучиќ.