
Турските медиуми јавуваат дека од под урнатините на југот од земјата е извлечена жена која преживеала 170 часа под бетонски остатоци од згради, по разорниот земјотрес. По нејзиното спасување, продолжи потрагата по останатите затрупани лица.
„40-годишна жена е спасена од урнатините во областа Ислахије во Газиантеп“, јавуваат турските медиуми.
170. saat mucizesi…
Gaziantep'in İslahiye ilçesinde 40 yaşında bir kadın enkazdan kurtarıldı. pic.twitter.com/ox93qP00Sx
— TRT Haber Canlı (@trthabercanli) February 13, 2023
Се зголемува бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Турскиот потпретседател Фуат Октај на прес-конференција изјави дека во таа земја загинале 24.617 лица.
Досега е потврдена смртта на 3.575 лица во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, покажуваат податоците на невладината организација „Бели шлемови“.
Според сириските медиуми, повикувајќи се на сириското Министерство за здравство, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата.