
„Словенија го поддржува влезот на Хрватска во Шенген зоната“ изјави денеска идната словенечка министерка за надворешни работи – Тања Фајон. Таа предупреди дека консензус за тоа во Европската Унија ќе биде тешко да се постигне пред шенгенската реформа.
„Словенија го поддржува Шенгенското проширување со Хрватска, Романија и Бугарија, но ќе биде тешко да се постигне политички договор“ – рече Фајон.
Според неа, причината е „недовербата“ меѓу членките на Шенген зоната што дојде по големата миграциска криза од 2015-2016 година.
Таа смета дека пет земји-членки на Шенген, меѓу кои и Австрија, сè уште вршат засилени контроли со соседните шенгенски држави.