Скринингот заврши пред 32 месеци, време е за реформи, вели Институтот за демократија

Институтот за демократија „Социетас Цивилис” бара од македонските власти да се посветат на реформите откако скрининг процесот на ЕУ заврши пред две и пол години. Македонија преку скринингот кој започна во 2022 и заврши во декември 2023 доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската унија.

Институтот за демократија „Социетас Цивилис” бара од македонските власти да се посветат на реформите откако скрининг процесот на ЕУ заврши пред две и пол години. Македонија преку скринингот кој започна во 2022 и заврши во декември 2023 доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската унија.

Скринингот не смее да остане архива на една завршена фаза од пристапниот процес. Неговата вистинска вредност е во препораките што треба да ги насочуваат реформите и подготовката за членство. Политичките пречки за отворање на преговарачките кластери не ја спречуваат државата да работи на најголем дел од идентификуваните слабости, вели Институтот.

Тој предлага да се преземат повеќе чекори за Македонија да не заостанува во реформите.

Прво, Министерството за европски прашања треба да ги направи сите шест извештаи лесно достапни на едно место, заедно со нивните главни наоди и препораки на македонски јазик. Иако Европската комисија ги има објавено извештаите за сите шест кластери, на веб-страницата на Министерството за европски прашања, во делот посветен на скрининг-извештаите, сè уште е достапен само извештајот за Кластер 1 „Темели“.

Потоа, дека е потребен јасен механизам преку кој препораките од скринингот ќе се претворат во конкретни задачи. Владата периодично да известува за спроведувањето на препораките. Понатаму, препораките од скринингот треба системски да се поврзат со Реформската агенда 2024–2027, Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и препораките од годишните извештаи на Европската комисија.

Инситутот за демократија вели дека паралелно со реформите, потребно е целосно операционализирање на преговарачката структура. Иако Владата во 2024 година воспостави нова институционална рамка за водење на пристапните преговори, јавноста сè уште нема јасна слика дали и во која мера преговарачките тела и работните групи по кластери и поглавја се целосно екипирани и функционални. МЕП треба да обезбеди транспарентни информации за тоа кои тела и работни групи се формирани, нивниот состав и задачите што ги извршуваат. Овие структури не треба да чекаат да се создадат политички услови за отворање на кластерите.

„Тие треба да работат сега. Да ги анализираат наодите од скринингот, да ги следат промените во правото на ЕУ, да ги идентификуваат областите во кои ќе бидат потребни значителни финансиски и институционални приспособувања или преодни периоди и да ги подготвуваат идните преговарачки позиции“, нагласува „Социетас цивилис“.