Сијарто: Време е да се стави крај на демонизацијата на српскиот народ

Време е да се стави крај на демонизацијата на српскиот народ, надворешните интервенции и заканите со санкции, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

Тој во објава на Фејсбук му посака добредојде на претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој е во официјална посета на Унгарија.

Сијарто напиша дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мирот и стабилноста на Европа.

„За жал, во последните неколку недели беа преземени неколку западноевропски одлуки и мерки кои ги зголемуваат тензиите на Западен Балкан и предизвикуваат безбедносни ризици. Време е да се запрат надворешните интервенции, заканите со санкции и демонизацијата на српскиот народ“, изјави Сијарто.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претпладнево се сретна и со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

На средбата со Сијарт беше потпишан меморандум за разбирање во областа на примената на новите технологии во здравството, пренесува Танјуг.