Синер: Победата во три сета многу ми значи

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер одигра уште еден тежок меч, откако во првото коло победи по пет сета игра, вчера славеше победа во три сета, а првите два ги доби во тајбрејк. Неговиот противник Нуно Боржес од Португалија се покажа како цврст противник.

Синер првиот сет го доби со 7:6 (4), а во вториот беше поуспешен со 7:6 (2), додека третиот го заврши со 6:4.

Многу сум среќен, вториот сет беше исклучително тежок. Многу сум среќен. Победата во три сета многу ми значи, сега следи одмор и подготовка за следниот меч, изјави Синер

Во следното коло Синер ќе игра против Американецот Џејсон Бруксби.

Пласман во следната рунда обезбеди и Данил Медведев со победата од 3-1 во сетови против Давид Агилар.