Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди југоисточна Турција, а епицентарот бил во областа Гоксун во Кахраманмарас.
Земјотресот, кој се случи во 11:22 часот по локално време, е почувствуван и во околните провинции, јавува ТВ Хабер Турк.
Како што соопшти турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 8,5 километри.
Турската опсерваторија Кандили соопшти дека јачината на земјотресот била 4,5 степени, а епицентарот на 7,5 километри, јавува турската телевизија. Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или жртви.