
Се урна воен авион во Србија – загина пилотот
Авион на српската војска се урна на поле меѓу Нова и Стара Пазова, при што пилотот загина, беше потврдено од Радио-телевизија Србија.
Авион на српската војска се урна на поле меѓу Нова и Стара Пазова, при што пилотот загина, беше потврдено од Радио-телевизија Србија.
Како што може да се види на фотографиите, воениот авион се урнал на полето и целосно изгорел.
Според српските медиуми, таму се присутни екипи на брза помош, полиција и пожарникари, како и припадници на Војската на Србија.
Засега нема официјални информации за причините за падот на авионот.