Се огласи Русија: Полска намерно провоцира, ова нема врска со руско оружје

Министерството за одбрана на Руската Федерација се огласи во врска со ракетите и експлозијата во Полска.

„Пишувањата на полските медиуми и изјавите на официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација“, се вели во соопштението.

„Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Остатоците што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пжевудов немаат никаква врска со руското оружје“, се вели во соопштението.