Се активираше синдикатот на Клинички: Подготвува тужби и протести ако од августовската плата нема усогласување со минималната

Никој не смее да има плата пониска од минималната. Ако во регионот медицинските сестри земаат 650 евра, а доктор специјалист и достигнува и до 1 000 евра тоа не е случај и во Македонија, велат од Самостојниот сидикат на универзитетските клиники и новоформираниот одбор „Хипократ” кој се приклучува ко Синдикатот и заедно ќе се борат за исполнување на нивните барања.

Велат дека има случаи на Клиника каде дел од вработените земаат од 15.900 до 18 илјади денари плата.. До први септември им дадоа рок на надлежните да го исполнат ветеното-во спротивно следи радикализација.

– Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши, пред покачувањето најавено во септември, ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерството за здравство, а во согласност со членството, со консултации, може да почнат и протестите. – вели д-р Предраг Серафимовски претседател на Синдикат на Клинички.

Дел од докторската фела велат дека треба да се обрне внимание и на студинтите за време на образовниот процес-велат дека се случува сестра да не знае да стави игла во шприц, се ставаат несоодветни кадри- луѓе од штабови. Незадоволството расте кај оние кои сериозно се посветувале за време на студиите и потоа. Доктор Нико Беќаровски им порача на надлежните сериозно да размислат за нивните барања затоа што како што изјави имаат понуди за други места, а незадоволните млади без размислување ќе ја напуштат државата.

Доколку се усогласат коефицентите, државата ќе ја чини 2милиони евра годишно. Докторите децидни, ако и овој пат бидат изиграни ќе прејдат во приватното здравство.

Медицинскиот персонал последен пат излегоа на протест пред четири месеци поради доцнење на јануарските плати заради хакерскиот напад на ФЗО и тогаш беше нагласено дека бараат покачување на платите.