Седуммина исчезнати во поплавите во Грција

Во невремето „Даниел“ што во вторникот ја зафати Грција и предизвика поплави и катастрофални штети во повеќе места во централниот дел на земјата, за исчезнати се водат седум лица, меѓу кои и двајца туристи од Австрија.

Бројот на исчезнати до вчера беше четири лица, додека пак денеска бројот се зголеми на седум лица.

Во поплавите, животот го загубија десетмина, а спасени се стотици граѓани.

Стотици луѓе во Грција се заробени во поплавените села во регионот на Тесалија, иако времето е стабилизирано, а протокот на вода продолжува да расте во делови од централна Грција, додека пожарникарите и воените хеликоптери ги извлекуваат луѓето од поплавените села, јавува грчката телевизија ЕРТ.