СДСМ: На денот кога Кошта го потврди она што го говориме – Мицкоски го апси Стефан Богоев
„На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев. Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон? Дали има некој што може да каже дека ова е вистински или сепак станува збор за монтиран случај во денот кога Мицкоски добива критики, кога сите негови лаги пред граѓаните се на виделина“, прашуваат од опозициската СДСМ.

Велат „Политички прогон, обид за дефокусирање од критиките што доаѓаат од Европската Унија, откако уште еднаш се потврди дека Македонија стои во место поради криминалот и корупцијата на власта и поради неспроведувањето на реформите? Тоа најдобро го знае самиот Мицкоски, кој денес се однесува како организатор на секој процес во државата. Мицкоски со неговите „чувства“ веќе со денови јавно го најавуваше ова апсење. Додека режира спектакли за јавноста, остануваат неодговорени многу сериозни прашања“.
„Со месеци нема одговор што се случи со петте тони дрога што ја поминаа границата и завршија кај сестринската партија СНС. Нема одговорност за низа скандали кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ништо за 161 тендер за семејна фирма на Томовски, за 93 тендери за Мастеф, за 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, за 74 тендери за „Ленди Груп“, за 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ. Нема борбата против криминалот и корупцијата, нема реформи, нема напредок кон ЕУ. Наместо институции што работат независно, гледаме јавни најави на истраги и апсења од страна на премиерот Мицкоско, што ги потврдува сериозните сомнежи за целосно политичко влијание врз правосудниот систем. Оваа техника – прво најава, потоа апсење, па водење кампања против опозицијата – Вучиќ ја практикува со години. Мицкоски и тука работи по принципот copy-paste“ велат од СДСМ.