СДСМ: Мицкоски е неуспешен ученик на Груевски и заложник на Апасиев

-Христијан Мицкоски исплашен за својата фотелја, продолжува да пласира едни исти лаги во кои веќе не верува ни членството на неговата партија.

-Дејствувајќи против интересите на граѓаните и државата, мешајќи се во работата на градоначалниците, Мицкоски се докажа како лош и неуспешен ученик на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во соопштението од владејачката партија.

-Се што Мицкоски има зад себе се лажни вести и дезинформации и отстуство на сгтав за најважните државни прашања.

-Токму поради тоа, во последно време стана заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев и затоа Мицкоски често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, а се со цел да не заостане зад Аласиев.

-Се што Мицкоски кажа – излажа, се што прогнозираше – излезе обратно, затоа неговите деструктивни политики одново се осудени на пропаст, велат од СДСМ.