„Со првата меѓувладина конференција и со скрининг процесот и официјално ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, нешто што го чекавме 17 години“, велат од СДСМ.
„Македонскиот јазик е со чиста формулација, без фусноти и додавки, а историските прашања се надвор од процесот на преговори, во ЕУ влегуваме како Македонци кои говорат македонски јазик. Tоа е потврдено и од страна на Европската комисија и преку првата меѓувладина конференција. Со ова пропаднаа сите лаги околу формулацијата на македонскиот јазик, сите лаги за наводна асимилација и бугаризација што хистерично ги ширеа ВМРО-ДПМНЕ и Левица. СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, покажа како се заштитуваат идентитетските прашања и истовремено се реализираат клучните стратешки цели на државата. Македонската иднина е европска и нема да дозволиме никој да ја загрози“, додаваат од партијата на Ковачевски.