СДСМ ги објаснува врските на Гренел, Мицкоски и лобистичката група „Валкур“

Пријателот на македонските власти, Ричард Гренел, е под истрага на Трамп за измама. Мицкоски се надеваше дека тој ќе му обезбеди пат до врвовите во Вашингтон.

По веста дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил истрага против неговиот близок соработник Ричард Гренел (порано амбасадор во Германија, па пратеник за Балканот, а и за Венецуела) за јавноста станаа интересни врските на Гренел сегашните македонски власти. Опозициската СДСМ денеска објаснуваше како би можеле да изгледаат тие врски.

Премиерот Христијан Мицкоски на неколку пати се фалеше за неговите добри односи со Гренел (од нив Александар Вучиќ направи речиси мит), за неколкуте средби и за можноста Американецот да му обезбеди пристап до врвовите на администрацијата.

Според Андре Жерновски, член на Извршниот одбор на СДС; најголемиот дел од работите оделе преку фирмата за лобирање „Валкур“ со седиште во Вашингтон.

„Валкур“ е поврзана со Републиканската партија. Основана од Мет Мауерс, поранешен функционер во Стејт департментот и Белата куќа за време на администрацијата на Трамп. Фирмата е специјализирана за меѓународни односи, комерцијална дипломатија и односи со власта.

Што кажа Жерновски за блискоста на Гренел и Мицкоски:

„Стратешкиот мост до администрацијата на САД, да цитирам, примерниот канал за директна комуникација со Белата куќа, или ако сакате уште еден цитат, клучниот економски играч во економската агенда на македонската влада во своите приоритети кон Вашингтон, од вчера е под истрага за проневерени милиони долари од донација за Центарот „Кенеди“ и за продавање пристап до претседателот Трамп“, рече тој и потсети дека Гренел и Мицкоски имале средба во јули 2024 година во Вашингтон. Потоа разговорите продолжуваат во август 2024 во Скопје.

„Јануари 2025 година во Вашингтон, повторно Мицкоски и Муцунски се гледаат со Гренел. Потоа, февруари 2026 година во Минхен и потоа јули 2026 година во Скопје, повторно има средба“, наведе Жерновски.

Потоа тој зборуваше за плаќањата што српската влада ѝ ги дава на лобистичката куќа „Валкур“ плаќа за директни контакти со него.

„Според извештаите што Валкур ги поднела до Американското Министерство за правда, претставници на куќата контактирале со Гренел во периодот од септември 2025 до март 2026 година.

Во ФАРА-регистарот на американското Министерство за правда, под број 7373, „Валкур“ ја претставува Република Србија, а Валкур се поврзува и со фирмата која плаќа лобисти за Христијан Мицкоски.

Меѓу клиентите на „Валкур“ е и Телеком Србија. Според официјалните документи српскиот Телеком го ангажирал „Валкур“ за прашања поврзани со телекомуникациската политика, пријавувајќи трошоци за лобирање во износ од 850.000 долари само во вториот квартал од 2026 година.

Покрај телеком Србија тука е следниот мобилен оператор во Македонија 4iG.

„4iG е компанијата што треба да пружи услуга на поддршка на медиумите на Орбан и на Вучиќ во Македонија. Значи, целиот круг веќе се затвора многу прецизно.

Претседателот на 4iG, Гелерт Јасај, е близок соработник на Орбан. Во март 2025 година бил именуван за амбасадор за развој на милијардерски деловни односи.

Јавно се достапни документите како 4iG добиле од Орбановата влада големи одбранбени договори, вклучувајќи рамковен договор во мај, во износ од околу 4,3 милијарди долари од Министерството за одбрана, потпишан само неколку недели пред изборите во април оваа година.

Новата унгарска влада на Петер Маѓар во август 2026 година нареди целосна ревизија на сите вклучени договори помеѓу државата и фирмата 4iG.

Српската влада го плаќа Валкур за контакти со Гренел и за промоција на Вучиќ.

Мицкоски се среќава со Гренел. Гренел се среќава со лобистите на Вучиќ.

Значи, Вучиќ го плаќа Валкур, Валкур контактира со Гренел, а Гренел зборува за Мицкоски. Значи, за некого провизија, а за граѓаните, се разбира, на крајот на денот, дебела сметка.

Тоа значи дека Мицкоски во Вашингтон воопшто не водел самостојна политика, туку водел политика којашто е формирана, организирана и одобрена директно од Вучиќ и од Орбан“, рече Жерновски.

Тој нагласи дека СДСМ бара одговор од Мицкоски дали кога како премиер се среќавал со Гренел водел сметка за државата и за граѓаните или за некој друг.