Свитолина: Ѓоковиќ има слобода да го кажува своето мислење

По бурата реакции како резултат на Ѓоковиќ кој на камерата на Гарос напиша ,,Косово е срцето на Србија”, Свитолина украинската тенисерка го подржа неговиот став.

Таа смета дека на спортистите треба да им биде дозволено јавно да зборувааат за политички теми, иако Ѓоковиќ беше критикуван од француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера, а од Косовскиот олимписки комитет побараа тој да биде казнет.

„Живееме во слободен свет, така што зошто да не си го кажете своето мислење? Мислам дека ако верувате во нешто, ако мислите дека тоа е начинот, тогаш треба да зборувате. Зошто да не? Тоа е дел од човечкиот живот, политика, спорт, различни работи“, вели Свитолина, која влезе во третото коло со 2:6/6:3/6:1 победа над Сторм Хантер.

„Сега се обидувам да се мислам на борбениот дух кој го имаме ние Украинците и како се бориме за нашите вредности и нашата слобода. Јас се борам тука во тенисот, на мојот фронт“, вели Свитолина.