Соединетите Американски Држави, како одговор на континуираните нуклеарни ескалации на Техеран, презедоа мерки против ентитети и бродови вклучени во трговијата со нафта и петрохемија на Иран, соопшти денеска Стејт департментот.
Вашингтон воведува санкции за три субјекти, чии средства во форма на 11 пловни објекти се идентификувани и блокирани.
Стејт департментот забележува дека во текот на изминатиот месец, Иран најави чекори за понатамошно проширување на својата нуклеарна програма на начини кои немаат веродостојна мирољубива цел.