Русија се закани: Ќе го нападнеме Киев!

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека морското трговско пристаниште во Мариупол е „целосно ослободено од милитантите на нацистичката формација Азов“.

„Сите заложници кои нацистите ги држеа на бродовите во пристаништето, вклучително и странските, се ослободени. Остатоците на единиците на украинските војници и нацистите „Азов“ кои се наоѓаат во градот се блокирани и лишени од можноста да избегаат“ – изјави портпаролот на Министерството – Игор Конашенков.

„Гледаме обиди за саботажа и удари на украинските војници на објекти на територија на Руската Федерација. Доколку таквите случаи продолжат, руските вооружени сили ќе ги нападнат центрите за одлучување, вклучително и Киев, од што руската војска досега се воздржуваше“ – рече тој.