Русија распиша потерница по поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас
Русија го вклучи поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас на листата на барани лица во врска со неодредена кривична истрага, објавија денеска руските државни медиуми, повикувајќи се на базата на податоци на Министерството за внатрешни работи.

Валас ја извршуваше функцијата министер за одбрана на Велика Британија до август 2023 година. Оттогаш, тој продолжи гласно да се залага за зајакнување на воената поддршка за Киев и ја осудува руската агресија. Коментирајќи го овој потег, Валас изјави дека не е изненаден од „последниот руски трик“ во време кога Кремљ се соочува со неуспеси.
Минатиот октомври, руски пратеници побараа негово вклучување на меѓународната потерница поради изјавите дадени на Безбедносниот форум во Варшава во врска со Крим. На тој форум Валас препорача да и се помогне на Украина во воените удари врз мостот што ја поврзува Русија со Крим, со цел да се оневозможи неговата употреба.
– Мораме да и помогнеме на Украина да стекне способности за дејствување со голем дострел. Мораме да го уништиме тој проколнат мост – изјави претходно Валас.
Засега не е прецизирано колку странски функционери се наоѓаат во руската база на барани лица, но независните медиуми претходно известија дека се вклучени десетици европски политичари.