Русија не треба да има нуклеарно оружје бидејќи му се заканува на светот со „нуклеарна катастрофа“

Украинскиот претседател Владимир Зеленски се обрати на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации преку видео врска, каде побара на Украина да ѝ бидат обезбедени колективни безбедносни гаранции и рече дека Русија не треба да има нуклеарно оружје бидејќи му се заканува на светот со „нуклеарна катастрофа“.

„Украина мора да добие јасни и правно обврзувачки гаранции за колективна безбедност“, рече Зеленски во видео обраќањето за време на седницата на Советот за безбедност посветена на референдумите за приклучување кон Русија организирани од проруските власти во областите на Украина под контрола на Москва.

Тој рече и дека Русија не може да има нуклеарно оружје, бидејќи таа со тоа не ја обезбедува безбедноста на целиот свет.