Русија најави одмазда поради денешниот„терористички напад“ на Кримски мост

Министерството за надворешни работи на Русија најави одмазда поради „терористичкиот напад“„ на Украина на Кримски мост.

Како што наведуваат од министерството овој „терористички напад ги загрози животите на невини цивили“.

„Не може да постојат оправдувања за такви варварски акции, на кои ќе биде соодветно одговорено“, порача портпаролката на министерството Марија Захарова, јавува Ројтерс.

Министерството за одбрана во Москва соопшти дека руските сили оневозможиле напад на 19-килметарскиот мост меѓу Крим и Русија.