Русија издаде налог за апсење на двајца главни украински генерали

Руското министерство за внатрешни работи ставило двајца високи украински воени лица на листата на барани неколку часа по серијата напади со беспилотни летала во московскиот регион.

Прв на листата на барани е Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили. Налог за апсење беше издаден и по Олександр Сирски, командант на украинските копнени сили.

Рускиот истражен комитет исто така ги истражува Сирски и Залужни за „гранатирање цивили и цивилни објекти во Донбас“.

Неколку згради биле оштетени во напад со беспилотни летала, кој рано утринава се случил во Москва. Штетата предизвикана од нападот, како што соопшти градоначалнкикот на руската престолнина Сергеј Собјанин, е мала, а никој од жителите на нападнатите објекти не е сериозно повреден.

Руското министерство за одбрана ја обвини Украина дека стои зад нападот врз Москва што се случи утрово, а во кој, како што тврдат од министерството, биле користени осум беспилотни летала.

Властите во Москва нападот го окфаливикуваа како терористички акт.