Рубљата е најуспешна валута во светот годинава

Руската рубља се зајакна на Московската берза, за 1 американски долар доаѓаат околу 63 рубљи, првпат по почетокот на февруари 2020 година.

Рубљата се стабилизираше на 63,32 рубљи за долар, откако претходно го достигна нивото од 62,6250, најсилното од 5. февруари 2020 година.

Агенцијата „Блумберг“ ја смета рубљата годинава за најуспешна валута во светот, поддржана од контролата на капиталот што Русија ја воведе на крајот на февруари со цел да го заштити финансискиот сектор и да го спречи одливот на девизи поради западните санкции, наметнати поради нападот на Москва врз Украина.

Според њујоршката агенција, рубљата во однос на американскиот долар зајакнала за повеќе од 11 отсто од почетокот на годината. На меѓународниот девизен пазар курсот на рубљата порасна уште повеќе, за околу 12 отсто.