Рок до недела невакцинираните над 60 години во Грција да се имунизираат – инаку по 100 евра казна

Невакцинираните лица над 60 години во Грција имаат рок до недела да се имунизираат, за да избегнат казна од 100 евра месечно. Од 16 јануари задолжителна вакцинација за сите граѓани над 60 години.

Од грчката Влада информираат дека одлуката е донесена „бидејќи девет од десет смртни случаи од Ковид ја погодуваат оваа возрасна група, седум од десет приклучени на апарати се постари од 60 години, а осум од десет интубирани лица се невакцинирани“.

„Од 16. јануари ќе се применуваат санкциите предвидени со закон и ќе се изрекува административна глоба од 100 евра секој месец се додека нашите сограѓани над 60 години остануваат невакцинирани, истакнуваат од Владата.