МЗ информира, согласно податоците од ИЈЗ дека во последните 24 часа направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82 г и 87 г), 2 починати лица од Прилеп (74 г и 86 г) и по едно починато лице од Ресен (67 г), Струга (71 г) и Крива Паланка (39 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.