Рене Шле: Помалку среќните треба да плаќаат помали даноци, ситуацијата за граѓаните често е темна, низ целиот регион
„Оние кои се помалку среќни, тие секако треба да се помалку оптоварени од даноците, и оваа идеја беше претставена во С. Македонија, но за жал во моментов нејзиното спроведување запре, но реформите за прогресивен данок, ако прашате како е спроведен во Европа, и особено во Германија, ова е клучот. Вистина е. Ситуацијата за граѓаните и нивната перспектива често е темна. Не само овде, во С. Македонија, туку и низ целиот регион. Она што им треба на граѓаните е перспектива, и мислам дека е многу човечки ако мислите „како ќе ја обезбедам иднината и просперитетот за мене и за моето семејство. Секако, овде може да настапи државата. Треба да ја смениме сликата и односите меѓу државата и општеството, таа треба да се редефинира“ вели меѓудругото во интервју за „Трилинг“ – Рене Шле, директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Шле потенцира дека: „За да излезе С. Македонија од овој маѓепсан круг на трка по директни странски инвестиции преку пониски даноци, и пониски стандарди на работната сила, мора да се трансформирате во модел за извозен раст. А тоа може да се постигне само ако државата стратешки ги дефинира секторите каде воспостави центри не на индивидуална основа за одделни компании, туку да речеме, да инвестира стратешки во истражување и развој и да создаде услови каде претприемачите можат да се развиваат“.