Трилинг


  • Likes
  • Followers
  • Subscribers
  • Followers
  • Likes
  • Subscribers
  • Followers
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Партнери
  • Контакт

Triling Triling -

  • Почетна
  • Актуелно
    • МКД
    • Економија и бизнис
    • Балкан
    • Свет
  • Емисии
  • Интервјуа
  • Сцена
Трилинг
  • Почетна
  • Актуелно
  • Реконструкција на Влада, Алијанса на Албанците IN, Алтернатива OUT
АктуелноМКД

Реконструкција на Влада, Алијанса на Албанците IN, Алтернатива OUT

Од Triling Mk Објавено 11/02/2023 18:29 258

Кренар Лога актуелниот член на ДИК ќе бие новиот министер за правда, кој ке го замени Тупанчевски. Здравството од Сали го презема Меџити Фатмир од Алијансата. Азир Алиу од Алијансата пак, е предложен за ресорот информатичко оптество и администрација.

Се потврдија и информациите дека СДСМ ќе го преземе екологија од ДУИ, за да осатне со истиот број на министри во владата, па на местото на Нуреднеи ќе дојде досегашната државна секретарка во министерството Каја Шукова.

Алтернатива освен без Сали и Алити, ќе остане и без министерот за дијаспора Чупи. За сите тројца Ковачевски бара од Собранието да бидат разрешени.

Одлуката дали ќе останува во Владата Алтернатива ќе ја носи утре, иако од СДСМ веќе соопштија дека тие не ја прифатиле понудата за понатамошна соработка.

Ковачевски предложи промени и за пет заменик-министерски места. Во правда ќе биде Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, а досегашниот Агим Нухиу се сели во образавание. СДСМ го задржува заменик-министерското место во здравство, но наместо Валдимир Рендевски, функцијата ќе ја извршува Маја Манолева.

Алијанса ќе има двајца заменици министри. Тирон Јајага на местото на Башким Хасани од ДУИ во одбрана и Вјолца Бериша на местото на Абдулшуќур Абедини од Алтернатива во земјделство.

Треба да бидат разрешени тројца министри што ги има Алтернатива во Владата. По предлог на премиерот Ковачевски ќе се одлучува на собраниска седница во понеделник.

Пратениците треба да одлучат и за предлогот за разрешување на заменик-министрите од ресорите одбрана, земјоделство и образование, а на нивно место треба да бидат назначени нови. Покрај овие, заменик-министри треба да бидат назначени и на ресорите правда и здравство

Наспроти тоа што предлозите за кадровските смени од премиерот Ковачевски сугерираат дека Алтернатива во новиот владин состав ги губи сите министерски и заменик-министерски позиции, оваа партија досега не се произнесе дека ја напушта Владата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за в понедлник во 15 часот ја закажа седницата на која пратениците ќе одлучуваат за предлозите на Ковачевски за разрешување на дел од актуелните министри и заменик-министри и за избор на нови.

Дневниот ред на 104. пленарна собраниската седница предвидува четири точки, предлог за разрешување на членови на Владата на Република Северна Македонија, предлог за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија, предлог за разрешување на заменици на министри, предлог за именување на заменици на министри.

Освен предлозите за разрешување на дел од актуелните министри и заменик-министри, на веб-страницата на Собранието се објавени и документи во кои премиерот Димитар Ковачевски го информира собранискиот претседател за оставките што од функциите ги поднеле министерот за правда Никола Тупачески, министерот за животна средина и просторно планрање Насер Нуредини, како и заменик-министерот за правда Агим Нухиу и заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

И покрај тоа што предлозите за кадровски смени од премиерот Ковачевски сугерираат дека Алтернатива во новиот владин состав ги губи сите министерски и заменик-министерски позиции, оваа партија досега не се произнесе дека ја напушта Владата, а конечна одлука најави за утре.

 

 

 

 

258
Сподели

Претходно

Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело

Следно

Името Азир Алиу е наведено прво во списокот на советници на Груевски објавен од Владата на СДСМ во мај 2018 година













Sidebar Banner – 300 x 250

НАЈЧИТАНИ

(ВИДЕО) Маџов: Оние бизниси кои ќе внесат Вештачка интелигенција ќе ја менуваат економијата

15/05/2026

(ВИДЕО) Андоновски: Со Преспанскиот договор не се оспорува јазикот и идентитетот

15/05/2026

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор

14/05/2026

(ВИДЕО) Пројковски: Доаѓа времето кога треба да престанеме да го чекаме Годо

15/05/2026



НАЈНОВИ

Филипче: Не смееме да дозволиме српско и руско влијание да ја оттурне Македонија од ЕУ

20/05/2026

Полските министри бегалци избегаа и од Унгарија. Таму остана само Никола Груевски

20/05/2026

Фон дер Лајен: Единствениот пазар мора да се прилагоди на вештачката интелигенција и геополитичките предизвици

20/05/2026

Гаши: Европскиот пат не зависи само од Брисел, туку пред сè од нашата лична и општествена заложба

20/05/2026

  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Партнери
  • Контакт
© 2026 - Трилинг. All Rights Reserved.
Website Design: UNET