Раша тудеј Балкан почна со работа на српски јазик

Мултимедијалниот портал РТ Балкан ќе нуди алтернативна перспектива за регионалните и светските случувања, со план да се прошири на телевизија до 2004, објавено е на сајтот на РТ.

Почетокот на работата на Раша тудеј на српски јазик е најавена кон средината на јули, а Европската комисија соопшти дека од Србија се очекува усогласувње со одлуките на Европската унија, меѓу кои е ограничувањето на емитувања од рускта телевизија РТ.

Дозволувањето емитување на рускиот канал Раша тудеј (РТ) во Србија нема никаква врска со слободата на говорот, бидејќи не се работи за медиуми, туку за руска воена пропаганда, изјави за Н1, известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик. Тој посочи дека Србија е земја-кандидат за членство во Европската унија и дека се очекува Србија да ги споделува европските вредности и потсети дека Србија се обврзала да ја усогласи својата надворешна политика со Европската унија.

ЕУ на 2 март ја прекина дистрибуцијата на руските медиуми РТ и Спутник, сметајќи дека тие два медиуми се во служба на ширење руски дезинформации и манипулација со информации.

Европскиот парламент на 6 јули усвои резолуција со која меѓу другото ги повикува властите во Белград итно да ги почитуваат санкциите на ЕУ против Русија и да преземат мерки за да ги спречат Раша Тудеј и Спутник Србија.