Раст на цените на нафтата поради тензиите во Европа и на Блискиот Исток
Пораснаа цените на нафтата на светските берзи поради зголемените тензии во Источна Европа и Блискиот Исток.
Меѓународните референтни цени на суровата нафта „брент” се зголемија за 0,91 отсто на 86,21 долари за барел.
Познатата ВТИ (West Texas Intermediate-WTI) беше на 83,92 долари за барел што е раст од 0,73 отсто. НАТО вчера соопшти дека испратил повеќе бродови и борбени авиони во Источна Европа за да ја зајакне подготвеноста и одбраната во регионот додека Русија „ја зголемува својата воена сила во и околу Украина”.
На Блискиот исток, пак, јеменското движење Хуси вчера изврши ракетен напад врз Обединетите Арапски Емирати, загрозувајќи го сигурното снабдување со нафта од регионот.
Со зголемувањето на геополитичките ризици во овие области, глобалните пазари се позагрижени за безбедноста на снабдувањето што резултира со забрзано купување.