Рама: „Отворен Балкан“ е повеќе стремеж отколку иницијатива, повик за сите земји да се приклучат

Состанокот во рамки на иницијативата „Отворен Балакан“ почна претпладнево во Тирана – присуствуваат македонскот премер Зоран Заев, српскиот претседател, Александар Вучиќ и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама.

„Почитуван Александар, драг Зоран, драги пријатели од регионот, вистинско задоволство е да ви посакам добредојде денес во Тирана. Задоволство ми е да ви кажам дека денешниот ден е клучен момент во нашиот процес, бидејќи договорите што ќе бидат потпишани ќе направат важен чекор напред кон нашата цел; да гарантираме целосна слобода на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Дозволете ми да поминам низ секој столб на Отворен Балкан со повторување на повикот за сите да се приклучат, бидејќи Отворен Балкан е инклузивна иницијатива и секако охрабрувајќи ги другите три земји во регионот да бидат дел од овој напор,за да одиме напред за доброто на наштенарод“ – рече Рама на отворањето на седмиот состанок од овој тип.

Тој најави дека ќе бидат потпишани низа договори, а ја искористи приликата и да ги повика останатите земји во регионот да се приклучат на иницијативата.

„Дозволете ми да се вратам на фактот дека секогаш кога сме зборувале за ова, преку Берлинскиот процес, тоа го прави „Отворен Балкан“. Можеби звучи технички, но договорот претставува пресвртница на овој пат. Тоа практично ја отстранува постојаната бариера за отворените земјоделци. Отворениот Балкан е повеќе стремеж отколку иницијатива. Тоа е чекор напред кој го отвора Балканот и го подготвува за интеграција во ЕУ“ – рече Рама.