
Екс претседателот на Фарнција, Франсоа Оланд вели дека рускиот претседател Владимир Путин не е луд, туку радикално рационален лидер, кој е убеден дека западните земји ќе се изморат од испраќање помош за Украина и дека преговорите ќе донесат крај на конфликтот, кој ќе биде поволен за Русија.
„Путин е радикално рационална личност или рационално радикална личност, што сакате. Тој има свое мислење во рамките на кое е подготвен да употреби сила“, изјави Оланд за „Политико“.
Оланд додаде дека Путин ќе се обиде да ги „консолидира своите успеси со цел да го стабилизира конфликтот надевајќи се дека јавноста ќе се замори и дека Европејците ќе се плашат од ескалација сè со цел во таа фаза од војната да се спомене можноста за преговори“.
Екс претседателот на Франција смета и дека овојпат улогата на посредник кај Путин ќе падне на Кина или Турција.