Професор Чупиќ кандидат на „Студентска листа“ за претседател на српскиот парламент

Александар Чупиќ, доцент на Сообраќајниот факултет во Белград, е кандидатот на „Студентската листа“ за претседател на Народното собрание на Србија, чија конститутивна седница се одржува денеска.

Александар Чупиќ, доцент на Сообраќајниот факултет во Белград, е кандидатот на „Студентската листа“ за претседател на Народното собрание на Србија, чија конститутивна седница се одржува денеска.

На пошироката јавност Чупиќ ѝ стана познат за време на студентските протести во 2025 година. Во февруари 2025 година, тој и неговото семејство ги отворија вратите на својот имот во Сопот за да обезбедат преноќиште за студентите кои пешачеа кон Крагуевац, по што активно им се придружи на протестните маршеви

Листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ за истата позиција го предложи Стојан Раденовиќ.

Тој е најстар пратеник во српското Народно собрание. Влезе во политиката како непартиска личност поддржана од Српската напредна странка (СНС). Пратеник е во Собранието на Србија од 2022 година, а на изборите во октомври 2026 година го освои својот трет пратенички мандат на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“