
Пожарот во месноста Кишински Рид во атарот на сelo Дурфулија, Општина Лозово е локализиран и очекуваме набргу да биде изгаснат.
Ова го соопштија од Центарот за управување со кризи, од каде посочија дека Трите ер трактори на ДЗС и двата полициски хеликоптера престанаа со дејство.
– Голема благодарност до храбрите пилоти како и до пожарникарите од ТППЕ Свети Николе и ТППЕ Велес како и Доброволното ПП друштво од Свети Николе и Национални Шуми продолжуваат, кои остануваат на терен за догаснување на остатоците од пожарот – пишуваат во соопштението на ЦУК.